Секторот за борба против тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на БЈБ при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата А.М. (58) и А.М. (28), двајцата од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Како што известуваат од МВР, вчера (29.08.), врз основа на претходно издадена Судска наредба, беше извршен претрес во домот каде престојуваат пријавените, при што беа пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривично дело и тоа: пиштоли, пушка, поголема количина на муниција од различен вид на оружје и тоа калибар 357mm, 7.62x39mm, 7.62 x 25mm, 9mm и ловни патрони 12-ка, како и импровизирана експлозивна направа.
Од страна на Судија на претходна постапка, на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Деск

