Девојка на возраст од 22 години управувала со патничко возило под дејство на алкохол, и учествувала во сообраќајна несреќа во Виница. Настанот се случил во раните утрински часови во саботата, а при вршење на увид од страна на полициските службеници, кај неа биле измерени рекордни 3,20 промили алхохол, по што била лишена од слобода.
Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи.
-На 30.08.2025 во 23:30 часот на ул. „Партизанска“ во Виница, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Х.С. (22) од с. Лески, Виница. При вршење на увид на сообраќајна несреќа во која учествувала Х.С. со патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, било утврдено дека возилото го управувала со 3,20 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од МВР.
Деск

