Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, а девет полициски службеници завршија на токсикологија, информираат од Министерството за внатрешни работи по вчерашниот настан, кога
околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар.
Полициските службеници кои вдишале чад, биле во стабилна состојба.
-По настанувањето на пожарот, и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар.
Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.
Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба, соопштија од МВР.
Деск
Во стабилна состојба се полицајците кои вчера вдишаа чад при спречување на ширење на пожар
1 Min Read

