Синоќа во Охрид, на сцената на Долни Сарај со одржување на Интернационалната вечер заврши 32-то издание на реномираниот фестивал Охридски Трубадури – Охрид Фест. Ден пред тоа пак, се одржа Фолк вечерта, на која првата награда од публика ја освои Мишко Крстевски со песната ,,Соња”.
За ВИКИМЕДИА, Крстевски вели дека уште пред да се случи прогласувањето на наградените, тој веќе се чувствувал како победник, бидејќи веднаш по изведбата на песната ги забележал реакциите на публиката.
Околу тоа дека наградата заминала во вистински раце, потврдуваат и бројните коментари на социјалните мрежи, каде Мишко доби пофални зборови за изведбата и изборот на песната.
-Максимално опуштена атмосфера на ,,Трубадурите”, дружење со присутните колеги и новинари, прекрасната сцена со богато светло и звук… А пак времето, прекрасна летна ноќ, вели Крстевски за настапот на Охрид Фест.
Сепак, додава дека реакцијата на присутните откако ја отпеал песната, посебно му била драга.
-Според реакциите на сите присутни ,,Соња” од прво слушање влегува во уво…. Сето тоа ми беше награда пред да ја добијам првата награда од публиката.
Ќе завршам со една реченица Благодарам на сите, на публиката, колегите, директорот Љупчо Соколовски, прекрасната и легендарна водителка Ирена Спировска, новинарите и пријателите, кои на сите фестивали се со нас и околу нас, порача Крстевски.
На фестивалот првото место од жири комисијата го освои Ивана Серафимовска со песната ,,Се ми се познава”, а беа доделени и награди во повеќе категории.
Вики Клинчарова
Уште пред да ја добијам наградата, реакциите од присутните ми беа награда, вели Мишко Крстевски за победата на Охрид Фест
2 Mins Read

