Семејството Зафирови, бодибилдерот Тоше, неговата сопруга Габриела и ќерката Ангела, повторно и донесоа голем спортски успех на Македонија. Застанаа заедно на големата сцена на Мр. Олимпија Аматер во Букурешт, и сите тројца се вратија со медали.
Како што извести Тоше, нивната ќерка Ангела го освоила првото место и го освоила својот прв златен медал на Мр. Олимпија Аматер, тој го освоил второто место и сребрениот медал во конкуренција од 300 натпреварувачи, додека пак Габриела влегла во финале и покрај сите здравствени предизвици со кои се соочувала периодов, успеала да земе медал и да го освои петото место.
-Габи мојот најголем борец со направена операција на рамо, со фаќање на корона на само две недели пред натпревар не се откажа, се избори и влезе во финале, успеа да земе медал и да го освои петото место.
Јас после 30 години успеав да го освојам сребрениот медал, високото Вицешампионско второ место на Мр Олимпија Аматер во Букурешт во конкуренција од повеќе од 300 натпреварувачи во различни категории.
Но, нашата најголема среќа и нашето најголемо богатство, ќерката Ангела, ја понесе својата прва победа на Мр. Олимпија Аматер, го освои првото место и својот прв златен медал на Мр. Олимпија Аматер.
Ова е повеќе од медал – ова е симбол на нашата посветеност, нашата љубов и нашата заедничка победа, истакна Зафиров, додавајќи дека љубовта, посветеноста и семејството можат да направат невозможните соништа да станат стварност.
Деск

