Во тек на вчерашниот ден, лишен од слобода е дилер, кој носел кеса со 100 кесички марихуана внатре, информираат од Министерството за внатрешни рабооти.
-На 31.08.2025 околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје. Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода. При тоа, Р.Ѓ. фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана, а при обидот да избега му нанел и телесна повреда на еден полициски службеник, соопштија од МВР.
По документирање на случајот, против Р.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.
Деск
Previous ArticleНаградени маратонците од Охридскиот пливачки маратон

