Поранешниот министер за надворешни работи и кандидат на Коалицијата „Европски фронт“ за градоначалник во скопската Општина Чаир, Бујар Османи и неговата сопруга Валбона слават годишнина од бракот. На социјалните мрежи со емотивна објава и фотографии од венчавката пред 13 години, па се до денес, кога се петчлено семејство, Османи порача дека годишнините треба да бидат потестување дека се што е добро во животот се гради со посветеност и трпение. Исто така, тој напиша дека сега на нивната маса од двајца, имало пет луѓе, со уште еден нов стол кој бил подготвен од страна, што значи дека семејството чека принова, или пак наскоро планира проширување за уште еден член.
-Денес ја славиме нашата 13-та годишнина од бракот со Валбона, патување исполнето со вера, посветеност, споделени предизвици и многу убави спомени.
Во овие години, нашата маса се прошири: од двајца, станавме пет со Елиза, Мали и Луан. И уште еден нов стол е подготвен од страна.
Нека овие годишнини ве потсетат дека сè добро се гради со посветеност и трпение. Вака ја гледам јавната служба, како работа што бара секојдневна грижа, вера и визија за иднината, објави Османи.
Неговата сопруга Валбона е дипломиран политиколог, а парот се сврши по помалку од една година врска. Набргу по свршувачката, пред 13 години, Османи ни изјави дека со Валбона му се случило љубов на прв поглед, па затоа и не сакал премногу да чека, и ја запросил за време на едно патување. Таа важи за една од најубавите жени на политичари кај нас.
В.К.

