Оскаровецот Роберт Редфорд почина на 89-годишна возраст, пренесоа светските медиуми. Легендарниот актер починал мирно, во сон, во својот дом во Јута.
Тој беше една од најзначајните фигури во историјата на американската кинематографија.
Во 2018 година изјави дека ја напушта актерската кариера која ја започнал на 21 година. Но, на почетокот на годината, тој пак се врати на екраните со мала улога во тв серија.
Неговиот син пак, Џејмс Редфорд, кој боледуваше од рак почина 58-годишна возраст пред пет години. Актерот има уште еден син и две ќерки, како и пет внуци. Од 2009 година беше во брак со Сибил Редфорд, која е сликарка и фотограф.
Деск

