Премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Јегуновце, и извршил увид во градежни активности на детска градинка во населено место Вратница, потоа ја посетил фудбалската академија во Јегуновце, каде е извршена темелна реконструкција на фудбалскиот стадион со отворање на фудбалска академија за млади, а потоа извршил увид во градежни активности на новиот современ парк во населено место Сиричино.
Од таму, тој порача дека е импресиониран, и дека градежниот ,,,бум” во Јегуновце продолжува.
-Ценам дека ова денес што го видовме е навистина импресивно. Но, ова е само дел од тоа што Диме (Димитар Костадиноски) како градоначалник заедно со администрацијата, заедно со советниците, заедно со пратениците и од Јегуновце, но и од полошкиот регион го прават за Општина Јегуновце. Во периодот којшто следи како што кажа и градоначалникот ќе имаме и уште дополнително проекти коишто ќе бидат финансирани од буџетот на државата, но истовремено и од буџетот на општината.
Очекувам овој градежен „бум“ да продолжи со што ќе се подобрат условите за живот, ќе се поткрене нивото и стандардот на граѓаните. Убеден сум дека само со посветена, чесна, напорна работа се постигнуваат резултати. Се останато е политиканство. Ние не сме тука за да водиме политиканство, ние сме тука за да работиме за интересот на граѓаните, порача Мицкоски и му посака на Костадиноски нов мандат, со многу реализирани проекти.
Деск

