Синоќа во Битола на фестивалот ,,Браќа Манаки”, министерот за култура Зоран Љутков му ја врачи наградата Златна камера 300 на Дариус Конџи и порача дека филмот не е само индустрија, туку е сон на платно.
-Фестивалот „Манаки“ е продолжение на сонот на браќата Манаки, кои први ја заробија светлината на овие простори и ја претворија во уметнички запис.
Вечерва, со особена чест, ја доделив Специјалната награда на мајсторот на визуелниот јазик, Дариус Конџи – камерата зад Седум, Полноќ во Париз, Непроценливи дијаманти, Окја, Евита, Загубениот град Зет.
Уметникот што го направи мракот поубав од светлината.
На добитникот на Наградата за животно дело во Кан (2022), номинираниот за Оскар, годинава имав чест да му ја врачам наградата Златна камера 300 за животно дело.
Овие мигови не се само фестивалска програма, тие се доказ дека Битола е светска сцена. Тука, филмот не е само индустрија, туку сон на платно, порача Љутков.
Инаку, ова е 46-то издание на фестивалот, кој е првиот и најстар фестивал на филмска камера во светот. За време на фестивалот, секоја година Битола е домаќин на врвни кинематографи од целиот свет.
Деск
Дариус Конџи ја доби наградата Златна камера 300: Тој е уметникот кој го направи мракот поубав од светлината!
1 Min Read

