Маж на возраст од 50 години заработи кривична пријава и е осомничен за две кривични дела – „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ и „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој освен што управувал со патничко возило со 2.17 промили алкохол во крвта, кога бил запрен од полицијата, се обидел да ги нападне службените лица.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(50) од охридското село Долно Лакочереј поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ и „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 08.08.2025, при контрола во патниот сообраќај на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „ланчиа“, кое го управувал пријавениот и кај него биле констатирани 2,17 промили алкохол во крвта, по што се обидел физички да ги нападне полициските службеници и бил лишен од слобода и исклучен од сообраќај, информираат од МВР.
Деск

