Од Територијалната противпожарна единица Неготино се огласија по повод големиот пожар кој синоќа избувна во зграда во центарот во градот.
Како што соопштуваат, огнените пламени делумно зафатиле деловен простор.
-Синоќа, во вечерните часови, настанa пожар во станбена зграда во централното градско подрачје на Неготино, при што делумно беше зафатен деловен простор.
Благодарение на брзата и координирана интервенција на екипите од Противпожарната единица Неготино, пожарот е целосно изгаснат и спречено е негово проширување.
Апелираме до сите граѓани на општина Неготино:
Да бидат внимателни, да не оставаат запалливи материјали на небезбедни места
и при најмала појава на чад или сомнителна ситуација веднаш да се јават на бројот 193 или 112, истакнаа од ПТТЕ Неготино.
Пожарот кој го вознемири градот се случи околу 22.30 часот, а гореше продавницата на трговскиот ланец ,,Синсеј”, која требаше да биде свечено отворена деновиве, а во која вчера се редела робата. Неофицијално, првин започнале да горат најлони и картони, кои стоеле пред дуќан, а од кои била отпакувана робата претходно.
Навремената интервенција на пожарникарите спречи голема катастрофа, бидејќи над дуќанот кој гореше се наоѓаат станбени единици, а околу него деловни и трговски објекти. За време на настанот, и покрај забраната за приближување, голем број на граѓани се собираа во близина на зградата, и во неверување гледаа што се случува.
Помеѓу граѓаните уште синоќа беа актуелни прашањата дали доаѓањето на брендот кој е познат по пристапни цени и широк асортиман на производи, во градот некому евентуално му пречело, и дали пожарот можеби бил намерно подметнат.
Се очекува истрагата да ги открие точните причини за пожарот.
В.К.
Наместо свечено отворање на нов бренд, пепел остана во објектот во Неготино: Пожарникарите спречија голема катастрофа!
2 Mins Read
Previous ArticleСо Бајага и Инструктори ќе се затвори Велешка питијада

