Мотоциклист од Ваташа, на возраст од 39 години се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера, во Општина Росоман, соопшти Сектрот за внатрешни работи Велес.
-На 28.09.2025 во 13:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат Кавадарци-Росоман, на делницата кон с.Манастирец, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ќ.М.(74) од Кавадарци и мотоцикл „хамачи“, управуван од Б.П.(39) од с.Ваташа, кавадаречко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци, информираат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Деск
Previous ArticleСо Битолски камерен оркестар и многу музички гости, Наумовски ќе слави три децении на сцената
Next Article ВМРО најави голем митинг во Неготино во среда

