Во свечена и исполнета атмосфера, официјално беше отворен 17-ти Меѓународен театарски фестивал – Крива Паланка 2025, со одржување на свечена академија во чест на Лауреатот на фестивалот – Игор Џамбазов.
-Во присуство на гости, љубители на театарот и културата, како и претставници на културни институции, му беше врачено признанието за Лауреат на фестивалот на Игор Џамбазов – актер, автор и легенда на македонската сцена.
Со ова признание, му оддаваме почит за неговиот извонреден придонес во развојот на македонскиот театар, неговото инспиративно творештво и долгорочното влијание врз културниот живот во државата, соопштија од Општина Крива Паланка.
Фестивалската програма продолжува секоја вечер до 6-ти октомври, со почеток во 19:30 часот, со претстави од: Велес, Куманово, Струмица, Скопје и театарски групи од Република Србија и Република Бугарија.
Деск
Стоечки овации за Игор Џамбазов во Крива Паланка: Тој е легенда на македонската сцена!
1 Min Read
Previous Article32 жени ќе се борат за градоначалнички мандат

