Пред 28 години, на 30-ти септември 1997 година, почина значајната македонска театарска и филмска актерка, Анче Џамбазова. Ќерка на бардот на македонското глумиште, Петре Прличко, сопруга на маестро Александар Џамбазов и мајка на актерот и шоумен Игор и архитектот Татјана, Анче заминала на денот кога со сопругот одбележувале 35-годишнина од бракот.
-Се зедовме на 30-ти септември 1962 година, и она кое ми е најтешко е што точно по 35 години, во 11 часот, кога се венчавме, таа почина, раскажуваше во постари интервјуа Џамбазов.
-Кога си отиде Анче, и јас отидов, тука сум само, онака… знаеше да каже.
За нивната љубов неретко се пишуваше. Се запознале во Охрид, а по две години ја крунисале љубовта со брак.

Зад неа останаа улогите во ,,Мирно лето”, ,,Прозори”, ,,Брачна понуда”, ,,Првите цутови”, ,,Сеништа”, ,,Сомнително лице”, ,,Македонски народни приказни”, ,,Комедијанти” и многу други.
Во 2020 година беше промовиран документарен филм за актерката, поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот ,,Гола месечина 2019″ од страна на Општина Аеродром. Истиот може да се погледне на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=LS1WaA0isWQ
Деск

