Македонскиот народен театар доби три признанија на синоќешното одбележување на 18-от роденден на телевизискиот магазин за шоубизнис „Бекстејџ“.
Претставата „12“ е прогласена за најдобра театарска претстава – продукција за која интересот сè уште не стивнува, со врвен режисерски потпис на Синиша Евтимов и маестрална актерска екипа. Претстава, која се вбројува помеѓу најзначајните културни настани во МНТ.
Наградата за најдобар актер му припадна на Александар Микиќ, за врвна актерска игра и влијанието врз театарската сцена. Еден од најангажираните актери во тековниот репертоар на МНТ, Микиќ зад себе има повеќе од 60 театарски улоги на матичната сцена, 25 филмски и над 10 телевизиски остварувања.
Со автентичен и секогаш искрен глас, Игор Џамбазов ја доби наградата за изјава на годината, уште еднаш потсетувајќи дека зборот на уметникот има тежина и значење.
-Овие признанија ја зацврстуваат позицијата на МНТ како институција, која создава современа културна историја и остава траен белег на сцената, соопштија од Македонски народен театар.
Деск

