Компанијата Кожувчанка синоќа ја доби наградата за Најдобар македонски бренд, која ја додели естрадниот ТВ магазин Бекстејџ.
Од кавадаречката компанија, која е формирана во далечната 1993 година, а пак во 1995 година и официјално се произведе првата приватна минерална вода Кожувчанка, велат дека им е голема чест и задоволство што токму во годината кога слават 30 години, ја добија наградата.
-Искрена благодарност до естрадниот магазин Бекстејџ за признанието и честитки за нивниот јубилеј – 18 години успешна, медиумска приказна.
Благодариме на сите вас, нашите потрошувачи – за вашата доверба, лојалност и поддршка сите овие години.
Вие сте нашата инспирација да бидеме секогаш подобри, порачаа од Кожувчанка.
Освен по минералната вода Кожувчанка, компанијата е позната и по германскиот бренд Синалко, по природната вода Изворска, а и по Свежо точено, Наше македонско пиво. Во истата се вработени над 150 лица, а има и голем број на соработници и партнери. Важи за општествено-одговорна фирма, која зад себе има бројни донации и хуманитарни акции.
Инаку, на вчерашниот настан организиран по повод 18-от роденден на Бекстејџ, традиционално беа доделени награди во повеќе категории, на истакнати личности, компании и институции.
Деск
Кожувчанка доби награда за најдобар македонски бренд: Три децении лојалност кон потрошувачите и бројни општествено-одговорни иницијативи
1 Min Read
Previous ArticleСтудентката Марија од Богданци во финалето на ,,Пјер Карден”!

