Јавното претпријатие Комуналец Неготино известува дека во тек на вчерашниот ден интервенирале на улицата ,,Партизанска”, каде одзатнувале канализација. Истата била затната од комиње и остатоци од земјоделски производи, а од претпријатието по којзнае којпат јавно апелираат до граѓаните и ги молат да бидат одговорни и да не фрлаат цврсти отпадоци во фекалната и атмосферската канализација, за доброто на цела заедница.
-Тоа ни е работа но… канализацијата беше затната од комиње и од остатоци од земјоделски производи. А тоа веќе зборува лошо за нас. Како луѓе, како граѓани. Зборува колку сме неодговорни и негрижливи кон општото добро. Поради тоа имаме проблеми и трпиме сите.
Апелираме до вас. Ве замолуваме. Немојте да фрлате цврсти отпадоци и комиње во канализација. Ни фекална ни атмосверска.
Правите проблеми и за вас и за тие окопу вас и за нас. Канализационите цевки не се за тоа. Дури ни семките од комињето не поминуваат. Тешки се и се таложат. Бидете одговорни.
Исто така денес имаме дефект и во Пепелиште. Во прекин е сигналниот кабел на потисниот цевковод . И тоа поради човечка немарност и невнимание.
Ние разбираме и работиме, и се трудиме. Но понекогаш не можеме да постигнеме.
Од нас зависи, но многу често и од вас почитувани, појаснуваат од Комуналец.
Инаку, во Неготино цели две недели беше забранета водата за пиење, поради технички дефект, но и поради несовесни граѓани, кои варат ракија и ги ставале цревата во резервоарите за ладење, па од таму доаѓало до повлекување на водата во градската мрежа.
Проблемот беше решен минатата недела, но граѓанската несовеснот продолжува, посебно во периодот кога се вари ракија.
В.К.
Неготински Комуналец буквално ги моли граѓаните да не фрлаат комиње во канализацијата: Поради нечија неодговорност трпиме сите!
2 Mins Read

