Прилепчанец заврши во притвор, откако полицијата го затекнала како се обидува да запали кабли, за да потоа им ги извлече бакарните жици, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
-На 04.10.2025 околу 22:00 часот, во близина на депонијата за отпад во Струга, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија С.В.(58) од Прилеп.
Тој бил затекнат додека се обидувал да ги запали претходно собраните кабли од стари машини и од други предмети, за да може потоа, да ги извлече бакарните жици. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.
Деск
Сакал да пали кабли покрај депонија, за да им ги извлече бакарните жици: Приведен прилепчанец
1 Min Read
Previous ArticleПронајден и приведен е мажот кој долго време вознемирувал девојка, а потоа и нанел тешка повреда додека била на работа
Next Article Дарио Ивановски победи на Скопскиот маратон!

