Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски (28) победи на овогодинешното издание на 21-от Виз ер Скопски маратон. Тој го заврши маратонот со време 2.15:50 час, што е четврт резултат во неговата кариера.
Во женска конкуренција пак, победи Кенијката Ирине Џеруто.

Оваа година на маратонот учествуваа над 14.000 натпреварувачи од 58 земји.
Стартот на најмасовната спортска манифестација во земјава го означија градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и министерот за спорт, Борко Ристовски, а Министерството за спорт е генерален покровител на Виз ер Скопски маратон.
Деск

