Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), поранешен ракометар и модел по професија, загинал во експлозија која се случи минатата недела во стан на улица Косовска во центарот на Белград, објавија српските медиуми.
Како што известуваат, до несреќата дошло поради нестручно ракување со експлозивната направа, а едно лице било осомничено поради постоење на сомнение дека го донело експлозивот. Осомничениот Ф.В. (26) е обвинет за кривично дело Нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.
Веста за смртта на Сипковски одекна во земјава, посебно во модните кругови. Тој беше првиот Македонец кој потпиша договор со познатата турска модна агенција Даман пред околу две години и беше најавено дека заминува во Турција на кастинзи за повеќе модни куќи и брендови за машка мода.
Од ракометот пак, како што тогаш раскажуваше, се откажал поради повреда, и решил да се посвети на моделството.
Инаку, Мартин е син на Дејан Сипковски, познатиот Национален првак во билјард, кој е најтрофејниот билјард-играч во земјава со освоени над 200 трофеји за први места во земјава и регионот.
В.К.
Момчето кое загина во експлозија во Белград е син на најтрофејниот билјард-играч во земјава
1 Min Read

