Од 6-ти октомври (понеделник ) започна да тече, и до 21-ви октомври (вторник) 2025 година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на Општина Неготино-8-ми Ноември, соопштија од општината.
-Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино.
Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонеслие за нивна лична и афирмација на Општина Неготино.
Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани. Пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на Општина Неготино, известија од општината.
Наградите и признанијата на добитниците ќе им бидат доделени на свечената седница која ќе се одржи на 8-ми ноември- Денот на ослободувањето.
Деск
Неготиници предлагаат кои сограѓани, фирми и организации би требало да бидат наградени поради придонеси и афирмација на градот
1 Min Read

