Интересна случка била забележана на камера за видео надзор во Штип синоќа, кога жена минувајќи на улица, забележува нова канта за отпадоци, па истата си ја присвои. Снимките ги објави ТВ Стар, а видеото со кражбата на кантата за еден ден беше прегледано повеќе од 100.000 пати.
Денес следува продолжение објавено на телевизија Стар, кога истата жена, најверојтано поради бројните прегледи на видеото, се покајала, па ја враќа кантата назад.
Оставајќи ја, таа дури и погледна кон камерата и кажа дека многу се извинува.
Како што објавија од телевизијата, во Штип годишно се краделе или уништувале околу 500 канти за отпадоци, а ЈП Исар годишно набавувал по 600.
Деск

