На 13-ти декември во Филхармонија ќе се одржи првиот солистички концерт на Бојана Скендеровски. Насловен е ,,Бесмртна” и со него таа ќе одбележи 23 години на сцената.
-Овој концерт е мојата благодарност – кон публиката, кон музиката и кон сите моменти што ме обликуваа како уметник и човек. Ќе пеам со срце, ќе ве водам низ мојата приказна. Ветувам многу љубов и вистински емоции, вели Бојана.
Од нејзиниот ПР тим истакнуваат дека концертот не е само музички настап, туку и приказна за љубовта, зрелоста и патувањето низ животот и уметноста.
Влезниците за истиот се пуштени во продажба по цени од 800 и 1.000 денари во зависност од местоположбата.
Деск

