На 79-годишна возраст почина познатата актерка и оскаровка Дајана Китон. Како што пренесоа светските медиуми, таа починала во Калифорнија.
Зад себе остави над 100 филмски и телевизиски улоги, а имаше и повеќе номинации за Оскар. Истиот го доби за нејзината најпозната улога во „Ени Хол“ на Вуди Ален во 1977 година.
Во тек на животот беше во врска со Вуди Ален, Ал Пачино и Ворен Бити, а посвои две деца – ќерката Декстер (1996) и синот Дјук (2001).
Деск

