Во сообраќајна несреќа која се случила синоќа на автопатот Демир Капија – Неготино, кај местото викано Јела, тешко се повредени дете и 58-годишна жена, додека пак жена на возраст од 32 години се здобила со полесни телесни повреди. За настанот извести Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 11.10.2025 околу 23:10 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на автопатот Демир Капија-Неготино, кај место викано „Јела“, патничко возило “хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32-годишната И.П. од Куманово, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка В.П.(58) од Куманово и малолетен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди возачот И.П констатирани во Општа болница Кавадарци и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино, соопштија од полицијата.
Деск

