Претседателката Гордана Силјановска Давкова присуствуваше на приемот, што по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, се одржа во Генералниот конзулат во Венеција (Местре). Таму имала средби со наши иселеници, кои и кажале за предизвиците со кои се соочиле две генерации – првата генерација да го совлада италијанскиот јазик, а пак нивните потомци – да го зачуваат македонскиот јазик и идентитет.
-На приемот по повод 11 Октомври, во организација на нашиот Генерален конзулат во Венеција (Местре), посебна убавина му даде културно-уметничката програма и настапот на најмладите членови на дијаспората.
Ме трогна искрената загриженост на соговорниците дека, ако главен предизвик на првата генерација бил да го совладаат италијанскиот јазик за полесно да се интегрираат во италијанското општество, предизвикот на втората генерација е да се зачуваат македонскиот јазик и идентитет.
Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да бидеме стандардна европска држава, во која младите ќе остануваат, со која иселениците ќе контактираат и ќе се враќаат. Овој потфат за сите нас е новиот 11 Октомври, порача претседателката.
Деск

