Калиопи, Северина и Бајага и Инструктори беа главните музички ѕвезди на манифестацијата Велешка питијада, која траеше три дена, а заврши синоќа. Покрај нив, настапија и голем број на домашни музичари, помеѓу кои Кате и Соната, Ѓоко Ѓорчев и Катерина Танева, Мики Секуловски, Пајак, Перо Христов, Викторија Лоба, Либеро Бенд…
Беше направена џиновската пита, имаше забавни содржини и за најмладите, како и изложба на олдтајмери и велосипедска тура, а градот беше полн со штандови и посетители од сите краеви, посебно за време на втората вечер, кога настапи Северина.
Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев порача дека најголемата желба му се исполнила – велешани биле среќни и сплотени.

-Штандовите и улиците беа претесни да ги соберат сите кои дојдоа да пробаат велешка пита и македонско вино, и да уживаат во блескавата атмосфера што ја направија Кате и Ѓоко, Пајак, Мики Секуловски и Северина, објави тој по завршувањето на втората фестивалска вечер.
И велешани велат дека Северина донела најмногу гости на настанот, па предлагаат следното издание на фестивалот на велешка пита и вино наредната година да се одржи на друга локација, бидејќи било претесно да се соберат сите посетители кои дошле од цела земја.
Деск

