Донесена е одлука за доделување на државната награда ,,23 Октомври“ за 2025 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за култура.
За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Гоце Тодоровски, актер, Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни, Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар и акад. Божин Павловски, писател.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 Oктомври 2025 година (четврток) во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија. Истата традиционално се доделува на Денот на македонската револуционерна борба.
Паричниот износ на државната награда ,,23 Октомври” изнесува десет просечни месечни плати во Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.
Деск

