Такси возач заработил отказ од работа, откако патничка го пријавила во такси компанијата каде работел, дека наместо да ја однесе дома, ја допирал по телото. Таа го пријавила таксистот и во полиција, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека се работи на расчистување на случајот.
-Вчера во 12:10 часот во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во Општина Илинден пријави дека на 15.09.2025 после 00:30 часот едно лице – такси возач не ја однел до неjзиниот дом, по што ја допирал по телото, а откако му се спротивставила, прекинал и ја однел до домот.
Како што е пријавено, таа настанот го пријавила и во правното лице-такси компанија и лицето-возач бил отпуштен од работа.
Се работи на расчистување на случајот, соопштија од полицијата.
Деск

