Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК ќе биде погребан утре (16-ти октомври) на гробиштата Во Бутел, со почеток од 13.30 часот, соопшти неговата сопруга Маја.
Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10 до 12 часот, а опелото ќе започне во 12 часот.
Музичарот Панчо е 63-та жртва од пожарот во Кочани и девета жртва од екипата на бендот. Тој почина вчера, по седум месеци поминати во болница.
Деск

