Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен (67), која вчера допатува во земјава во рамки на нејзината балканска турнеја и одржа средби со државниот врв, е една од највлијателните жени на политичката сцена, а воедно и прва жена на оваа функција во историјата на Европската унија.

Приватно пак, таа е мајка на седум деца кои ги добила во бракот со лекарот Хајко фон дер Лајен.
Нивните четири сина и три ќерки се родени од 1987 и 1999 година, и дел од нејзините политички агенди често беа поврзани со балансот помеѓу семејството и кареирата, односно таа се залагаше за поддршка на жените во кариерата, како и за подолго породилно отуство.
Од она кое е познато за неа, таа го завршила универзитетот во подолг временски рок, бидејќи се посветила на грижата за семејството, кое живее во близина на Хановер.
Сега, како претседателка на Европската комисија, Лајен често престојувала во Брисел за време на работните денови, а слободните денови ги минувала на семејната фарма во Бургдорф, близу Хановер, каде одгледувала коњи.
Во постаро интервју за германски Билд раскажа дека многу и недостигало семејството, посебно кога децата и биле мали, за време на работните отсуства, но нејзиниот сопруг и бил голема поддршка. Истакна дека балансирањето помеѓу семејниот живот и политичката кариера и било голем предизвик, а семејството секогаш и било извор на сила.
По вчерашните средби со државниот врв пак, таа напиша дека целосно ја поддржуваат нашата земја на патот кон ЕУ.
-Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена, објави Лајен на платформата Икс.
Деск

