Денес се навршуваат 18 години од загинувањето на легендарниот музичар Тоше Проески. Познат во регионот како Македонскиот славеј, тој го загуби животот на 26 години, во сообраќајна несреќа која се случи на автопат во Хрватска.
На сцената беше присутен околу десет години, во кои успеа да го обедини Балканот и да остави голем белег, не само со вонвременскиот талент, туку и со хуманоста која беше една од неговите главни одлики.
Момчето од малото Крушево со големи соништа и денес, осумнаесет години по смртта, е пејач чија популарност се уште не е надмината.
Во својот краток животен пат, допре до многу срца, не само во Македонија, туку и во регионот, каде и денес се слушаат неговите песни и живее споменот за него.
Беше еден од нашите најголеми културни амбасадори, а Македонија ја имаше привилегијата да го има како свој.
В.К.

