Завчера фоајето на Центарот за култура Битола пулсираше во ритамот на рокот, соопштија од центарот, каде се одржа изложба на фотографии од музичката група Чоканче.
-Со изложбата на фотографии од групата Чоканче и концертот на легендарната битолска група, ја оживеавме приказната што повеќе од четири децении ја обликува музичката сцена на градот.
Од првиот настап во 1983 година до денешните аплаузи „Чоканче“ останува симбол на бунт, енергија и автентичност.
Погледнете ја фотогалеријата и почувствувајте дел од атмосферата што ја исполни вечерта со рокенрол дух и битолска гордост, истакнаа од центарот, објавувајќи ги фотографиите создадени во тек на кариерата на битолската рок група.
Деск
Фотограф: Диоген Хаџи Коста Милевски
Чоканче е симбол на бунт, енергија и автентичност: Се одржа изложбата во чест на битолските рокери
1 Min Read
Next Article ,,Маршот на ангелите” продолжува секоја сабота

