Вчера во Штип се отвори Дино Парк, ново катче за забава и едукација на најмладите. Голем број на граѓани беа присутни на отворањето, а градоначалникот Иван Јорданов порача дека градот добива место каде на забавен начин ќе може да се научи нешто ново.
-Дино Паркот во Штип е новото омилено место за сите!
Магијата на праисторискиот свет, пренесена во познатата шума во Бриони, веќе е отворена за сите деца, семејства, ученици, туристи и љубопитни истражувачи, кои ќе научат нешто ново на забавен начин!
Т-Рекс, Брахиосаурус, Стегосаурус, Птеранодонот и многу други реплики на најпознатите диносауруси, ги поздравија децата со нивната исклучителна големина и реални животински крици.
Нека овој парк биде симбол на љубопитноста, радоста и имагинацијата на најмладите, истакна Јорданов.
Новата атракција во Штип беше поздравена од граѓаните според кои паркот е на идеална локација, каде често родителите ги шетале своите деца.
Деск
Previous Article,,Маршот на ангелите” продолжува секоја сабота

