Проектот на Македонската радио телевизија поветен на легендарниот Тоше Проески започна со реализација. Пеце Талески од ОХО Продукција за ВИКИМЕДИА открива дека се екипира тимот и се започнати истражувања за потребите на сценариото.
-Сега сме во рана фаза на развој на проектот, истражување за потребите на сценариото, како и екипирање на тимот кој ќе работи, сценаристи и режисери.
Кон крајот на јануари ќе имаме подетални информации кои ќе бидат достапни за јавноста, вели Талески.
Проектот кој се состои од снимање на игран филм, серија и документарец за Тоше беше најавен минатата година, а финансиските средства се обезбедени од буџетот, преку Министерството за дигитална трансформација.
Се уште нема детали околу тоа кој ќе ја игра улогата на Проески, но како што неодамна ни изјави неговиот зет за сестра, Славен Ристески, семејството ќе било консултирано за сите детали и одлуки.
В.К.

