Во тек е гласањето осмите Локални избори, на кои право на глас имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2.162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови.
Најстариот гласач во земјава запишан во Избирачкиот список е роден 15-ти мај 1918 година, односно има 107 години, додека најмладиот кој има можност да гласа ќе стане полнолетен на самиот ден на гласање, односно денес.
Во Градот Скопје има 474.304, а пак Општина Лозово е со најмал број на гласачи, односно 1.905 жители со право на глас. Дури 16 кандидати се во трка за функцијата градоначалник на Град Скопје.
Деск

