Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, е единствената жена избрана за градоначалничка во првиот круг на Локалните избори, од вкупно 44 избрани градоначалници. Таа ќе ја води Општина Кисела Вода, со освоени 14.946 гласови, односно 57,36 проценти.
Зад неа се најде кандидатот на Левица, Јане Ацевски со 4.380 гласови, а кандидатот на СДСМ, Горан Трајковски освои 4.096 гласови.
Трајковски беше помеѓу првите кој јавно и упати честитки на Стаменкоска Трајкоска. И посака успех и мудрост во работата, а на сограѓаните им се заблагодари за довербата.
На изборите од 309 кандидати за градоначалници само 32 беа жени. Три кандидатки се пласираа во вториот круг: Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) во Неготино, Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) во Демир Капија и Соња Стаменкова (СДСМ) во Македонска Каменица.
Деск

