Голем концерт е најавен во Паерн, Швајцарија, на кој ќе настапат Сузана Гавазова, Аца Лукас и група Круна. Настанот е во организација на Македонското добротворно друштво Пирок, и ќе се одржи на 15-ти ноември.
Како што е објавено на страницата на друштвото, на настанот ќе се додели вредна награда, нов автомобил, а специјален гостин ќе бил Игор Стефановски – Иџе.
Исто така, најавено е дека концертот ќе има хуманитарен карактер.
Инаку, друштвото Пирок и во минатото има организирано хуманитарни забави, а собраните средства се распределуваат во Македонија, на лица кои имаат потреба од финансиска помош.
Деск

