Ученици од основните и средните училишта ќе бидат опфатени со настава преку која ќе се унапредува даночната писмененост кај младите, на својот профил информира министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Додава дека наставата ќе се реализирала на интересен начин, а знаењето ќе се проверувало со даночен квиз.
-Со Управата за јавни приходи потпишавме меморандум за унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите. Ќе ги опфатиме сите основни и средни училишта, затоа што е исклучително важно да создаваме генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции.
Наставата ќе ја реализираме на интересен и интерактивен начин – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците.
Очекувам висока ефективност, а резултатите од активностите може да послужат како основа за надградување на наставните програми во иднина.
Благодарност до раководството на УЈП за соработката и за заедничката грижа околу унапредување на образовниот процес и зголемување на финансиската писменост кај младите, истакна Јаневска.
Деск
Основците и средношколците ќе учат како да го разберат значењето на даноците и улогата на УЈП
1 Min Read

