Потпишавме меморандум за разбирање со Американско-британската компанија Бурсток којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток.
Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводеше владината делегација во Лондон, на Самитот за Западен Балкан- Берлински процес.
-Бурсток има долгогодишно искуство во областа на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, обуката, консултантски услуги и управување со проекти, како и специјализирана во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор.
И да не ја заборавиме онаа процедура на потпишување на меморандумот на разбирање со американско-британскиот конзорциум којшто ќе инвестира во фабрика за производство, а е дел од наменската индустрија. Околу 150 милиони долари и каде што неколку стотици би рекол, до илјада луѓе ќе се вработат, но тоа е само почеток, планот е да стигнеме до бројка од една милијарда, истакна Мицкоски.
Појасни дека муницијата и оружјето ќе започнат да се произведуваат најдоцна за две до три години, ако се одело според планот.
-Тоа би била муниција и би рекол оружје коешто би било наменето за пазарот во светот но генерално ќе биде НАТО стандардизирано, така што корисници претпоставувам би биле најголемиот дел НАТО земји членки очекувам веќе следната година да се забрза овој процес и ако одиме според планот би требало таму некаде 27,28 година да почнеме да произведуваме, соопшти премиерот.
Деск

