Во тек е вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2026 година на издавачката куќа „Арс Ламина“.
Конкурсот ќе трае до 11 јануари 2026, а победникот ќе биде соопштен на 11 март, на денот на раѓањето на големата македонска писателка.
За наградата можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за деца и млади, напишан на македонски јазик и со кирилско писмо, во должина од 2 до 5 авторски табаци (од 32 до 80 страници), што ќе ги достават самите автори (со полно име и презиме) по електронска пошта на е-адресата [email protected], како Word или PDF-документ со назнака: За конкурсот „Оливера Николова“.
Наградата е откупна и се состои од паричен износ од 60.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција на издавачката куќа „Арс Ламина“.
На првиот конкурс победи ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски, избран од 38 пристигнати ракописи.
Деск

