Познатиот политички аналитичар Агим Јонуз (63) почина вчера, по кратко боледување. Тој и беше познат на пошироката јавост по своите чести гостувања во дебатните емисии во земјава, и важеше за човек кој се залага за достоинствен живот и за напредок во земјава.
Неговиот син на социјалните мрежи соопшти дека Агим десет дена се борел за живот во болница, а деталите за погребот дополнително ќе биле соопштени.
Голем број на јавни личности се простија со Јонуз на социјалните мрежи, спомнувајќи го како исклучителна личност која оставила траг со својата оригиналност, сарказам и мудрост.
Деск

