Во раните утрински часови кавадаречки полициски службеници лишиле од слобода лице од Охрид, кое со 1,55 промили алкохол во крвта возело низ градот, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 26.10.2025 во 03:00 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.Т.(38) од Охрид. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека М.Т. управувал патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известија од СВР Велес.
Деск

