Маж од Кавадарци бил лишен од слобода во Неготино вчера, откако при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека вози под дејство на аклохол. При алкотестирањето му биле измерени дури 1,90 промили алкохол во крвта уште во 10.00 часот наутро.
-На 26.10.2025 во 10:00 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ѓ.С.(54) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген кеди“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Деск
Лишен од слобода кавадарчанец: Се напил уште рано наутро, па се возел низ Неготино
1 Min Read

