Сума од 12.053 денари била собрана од поделбата на џиновската пита, за време на општинската манифестација Велешка Питијада, соопшти Црвениот крст Велес.
-Волонтери на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес денеска поделија хуманитарни пакети на семејства и лица кои живеат во социјален ризик во Општина Велес.
Хуманитарната помош е „Од граѓаните за граѓаните“. Финасиските средства за оваа активност се собраа при поделбата на големата пита на манифестацијата „Велешка питијада 2025“. Велешани донираа 12.053,00 денари. Со овие средства се набавија 12 хуманитарни пакети со основни прехрамбени производи кои се поделија каде што е потребно.
Во набавката и реализацијата на хуманитарната акција учество зедоа тројца волонтери од Општинската организација на Црвен крст, информираа од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Велес.
Б.Н.

