Од ,,Љубезност”, здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци, информираат дека во Скопје е отворен првиот Центар за социјална инклузија. Истиот нуди поддршка и помош на лица во ризик од бездомништво и социјална исклученост.
-Со гордост го претставуваме Центарот „Дренак“ – првиот центар за социјална инклузија во земјата, отворен на 22-ри октомври 2025 година од страна на здружението Љубезност. Центарот, лоциран во Кисела Вода, Скопје, нуди психолошка, социјална и правна поддршка, како и окупациона терапија за лица во ризик од бездомништво и социјална исклученост.
„Дренак“ е дел од регионалниот проект ComeHome, спроведуван во партнерство со АДРА Австрија и АДРА Србија, со поддршка од Австриското Министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.
Отворањето беше одбележано со пораки од претставници на Австриската амбасада, Министерството за социјална политика и партнерските организации.
Со ова, „Љубезност“ ги одбележа и своите 10 години постоење, продолжувајќи ја мисијата за помош и поддршка на бездомните и социјално загрозените лица, истакнаа од здружението.
Деск

