Маж на возраст од 31 години е приведен, откако вчера во здравствена установа нападнал жена. Тој ја заклучил 55-годишната велешанка во просторија, ја испрскал со средство за чистење во очите, кршел наоколу, а се заканил и со нож, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од полицијата.
Деск
Приведен маж кој нападнал и заклучил жена во здравствена установа и ја испрскал со средство за чистење во очите
1 Min Read
Previous ArticleМицкоски: Секој соларен панел, ветерница и електрана што работи на чиста енергија се дел од нашата современа борба за независност!
Next Article Повредени две лица во сообраќајка во Кавадарци

