Маж од Росоман бил приведен вчера поради агресивно однесување кон полициски службеници, и му биле измерени дури 3,66 промили алкохол во крвта. Настанот се случил пред 16.00 часот, и росоманецот бил задржан во полициската станица, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа О.Л.(40) од Росоман затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.
Деск
Приведен агресивен росоманец, имал неверојатни 3,66 промили алкохол во крвта среде бел ден!
1 Min Read

