Жена на 28-годишна возраст пријавила во полиција дека била измамена од страна на туристичка агенција од Скопје. Според пријавеното, таа му дала пари на рака на вработеното лице во агенцијата, а по некое време лицето и кажало дека не може да и обезбеди соодветни документи, по што престанало да и одговара на телефонски повици.
-На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра.
Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови.
Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Деск

